Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Наставниците и професорите ќе добијат покачување од 5 проценти со октомвриската плата

Наставниците и професорите ќе добијат покачување од 5 проценти со октомвриската плата

Наставниците и професорите ќе добијат покачување од 5 проценти со октомвриската плата

Основно училиште Христо Узунов Охрид

Скопје, 12. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, најави зголемување на платите на вработените во основното и средното образование за пет проценти, кое ќе стапи на сила од октомвриската плата.

Неделков изрази задоволство што е постигнат договор за континуиран раст на платите во наредните четири години. Тој рече дека целта е наставниците и професорите да добијат плата на ниво на просечната или нешто над просечната плата во земјата.

Ова, според него, претставува значаен успех во преговорите и социјалниот дијалог.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека по неколку неделни преговори и анализи на буџетот, бил постигнат долгорочен договор кој е во насока на подобрување на финансиската состојба на наставниците. (Крај)

извор: Тв Телма фото: ОхридПрес

Post navigation

Previous Втор Форум за културна дипломатија под покровителство на поранешниот Претседател Иванов во Охрид
Next Билтен на МВР: Три случаи на физички напади во Струга

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.