Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Атина, 27. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер најави национален референдум на 5 јули за условите на договорот за долгот со меѓународните кредитори.
– Овие предлози, кои јасно ги прекршуваат европските правила и основните права на работа, еднаквост и достоинство, покажуваат дека целта на некои од партнерите и институциите не била одржлив договор за сите страни, туку веројатно понижување на цел еден народ, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Референдумот ќе се одржи на 5 јули, неколку дена по крајниот рок 30 јуни, објави Ципрас.
Со цел да се избегне технички банкрот, Атина ќе побара краткорочно продолжување на програмата за финансиска помош за да купи време за да се одржи референдумот. Ципрас понатаму додаде дека германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на Европската централна банка Марио Драги веќе се информирани за плановите. (Крај)
извор: Focus фото: архива
