Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На аеродромот во Охрид спроведена практична вежба со новото куче трагач кое ќе открива наркотици, оружје и пари (Фото)

На аеродромот во Охрид спроведена практична вежба со новото куче трагач кое ќе открива наркотици, оружје и пари (Фото)

Охрид, 26. јули 2023 (ИНПРЕС) – Сузбивањето на организираниот криминал и сивата економија е еден од клучните приоритети на Царинската управа. Во оваа борба царинските кучиња се од особена важност и успешно се користат при спречувањето на нелегален транспорт на наркотици, оружје и пари, велат од царинската управа.

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани присуствуваше на последниот дел од обуката на царинско куче донирано и обучувано од страна на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

Кучето кое е од расата лабрадор (црвена лисица), како што информираат од управата, успешно ја заврши специјализираната обука за откривање на пари, дрога и оружје. Со ова Цариснката управа располага со 5 кучиња трагачи кои на царинските службеници им го олеснуваат секојдневното работење, учествуваат во повеќе откривачки акции кои се со успешна реализација.

Директорот Богоев присуствуваше и на практична вежба на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде беше демонстрирано откривање на недозволена трговија од страна на мобилните тимови со помош на царинските кучиња во реални услови.

Тој изрази благодарност до Германското друштво за меѓународна соработка за досегашната поддршка и истакна дека Царинската управа е подготвена за понатамошно интензивирање на соработката во овој домен бидејќи благодарение на исклучителните способности на кучињата трагачи покрај што им се олеснува работата на цариниците, значително се подобруваат резултатите при спречувањето на шверцот и недозволената трговија.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous SUPER Fresh music: Rauw Alejandro & Bizarrap – Baby Hello
Next Бурно деноноќие во Струга, во два одвоени случаи полицијата пронајде кокаин и пиштол

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.