Њујорк, 27. септември 2014 (ИНПРЕС) – Од балканскиот регион најмногу терористи се подготвуваат во Албанија и Косово, истакна српскиот претседател Томислав Николиќ пред Генералното собрание на ОН.
– Србија е сериозно загрижена поради зголемениот број на врбувани лица од балканскиот регион за „Исламската држава“ и другите терористички групи. Според податоците на Меѓународниот центар за истражување на радикализмот и политичкото насилство во Лондон, областите каде се врбуваат најмногу странски борци, освен Европа и Блискиот Исток, се Балканот и земјите од поранешниот Советски Сојуз, истакна Николиќ.
Тој во говорот цитираше и конкретни бројки:
– Во Албанија има околу 140 лица, Босна и Херцеговина 60, Македонија до 20 лица, Србија тројца, Бугарија – еден. Но, за нашата покраина Косово и Метохија бројката е многу повисока – до 150 луѓе. Ова мора да биде запрено, истакна српскиот претседател во говорот пред Генералното собрание на ОН. (Крај)
извор: АФП фото: АП
