April 9, 2015

Москва, 9. април 2015 (ИНПРЕС) – Грчката станица за гасовод “Турски поток” ќе се финансира со приватен капитал, беше објавено по средбата во Москва со рускиот претседател Путин Владимир и премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

– Од руска страна имаше голем интерес за инвестиции во различни сектори на економијата, рече претставник на грчката влада.

Финансирањето ќе се врши врз основа на приватен капитал. Тоа ќе одговара на европското законодавство и нормите на ЕУ. Како што се истакнува во грчката влада, изградбата на гасоводот дава голема корист, благодарение на ниските цени на гасот и неговата комерцијална употреба. (Крај)

извор: АП фото: архива