Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • На денешен ден во 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градски стадион во Скопје

На денешен ден во 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градски стадион во Скопје

1 min read
На денешен ден во 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градски стадион во Скопје

Тоше Проески последен концерт

Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2007 година, македонскиот музички ангел Тоше Проески го одржа последниот концерт, на Градски стадион во Скопје, само 11 дена пред трагичната сообраќајна незгода во која го изгуби животот.

Концертот беше со хуманитарен карактер, а целата собрана сума беше за реновирање на стотина училишта ширум Република Македонија.

– Чест ми е што сум дел од проект од вакви размери и од големи планови за македонското образование. Сите концерти ми се драги, но хуманитарните многу ми значат оти остануваат трајно. Ако се подобри образованието во Македонија, ќе имаме поздраво општество, изјави тогаш Тоше.

Гости на концертот беа Адријан Гаџа, Бојан Маровиќ и Антонија Шола.

– Сликајте ме со ѕвезденото небо, ѝ се обрати Тоше на публиката кога илјадници мобилни телефони и запалки светнаа на неговите романтични рефрени.

Утрото на 16-ти октомври на автопатот Липовац-Загреб, кај местото Нова Градишка во Хрватска, Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на само 26 години, ставајќи крај на една кариера која допрва требаше да блесне во светски рамки. (Крај)

извор: 4news.mk фото: архива видео: Martin Horeo

Post navigation

Previous Бајага по 40 години постоење: Не планиравме да издржиме толку долго, тука сме поради љубовта кон оваа работа
Next Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено лице од струшко Калишта

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.