Копаоник, 23. септември 2014 (ИНПРЕС) – На Копаоник, Србија од утрово врне снег со умерен интензитет, а неговата висина во моментов изнесува околу девет сантиметри.
Според метеоролошката станица на Копаоник, појавата на снежна прекривка на првиот есенски ден е многу ретка појава.
– Се случувало да имаме ситен снег, но да се формира снежна покривка од девет сантиметри во овој период од годината е многу ретко, велат од станицата. (Крај)
извор: Б92 фото: архива
