Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На островот Лезбос повеќе нема место за погребување на мртвите

На островот Лезбос повеќе нема место за погребување на мртвите


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 3.ноември 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот остров Лезбос остана без места за погребување на телата на мигрантите, кои се обидуваат да стигнат до Европа, изјави градоначалникот Спирос Галинос, а тимовите за брза помош на островот почнаа протести поради намалувањето на буџетот за прекувремена работа.

Речиси неподносливиот притисок врз мртовечниците на Лезбос, гробиштата и брзата помош се појави како последица на рекордниот број мигранти и бегалци, кои го минале Медитеранот минатиот месец.

Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 218 илјади мигранти пристигнале минатиот месец, што е месечен рекорд, а е поголем број во однос вкупниот број мигранти во 2014 година.

Галинос изјави дека во мртовечницата се наоѓаат повеќе од 50 тела, за кои властите и натаму се обидуваат да пронајдат место за погреб. Тој додаде дека се обидел да ја забрза процедурата да средување на земјиштето покрај гробиштата со цел да се ископаат нови гробови.

Стотици илјади лица оваа година тргнаа на кусо и опасно патување од Турција до грчкото крајбрежје.

Возачите на брзата помош протестираа во главниот град на островот, Митилини, а на децата бегалци им дадоа облека.

Шефот на здружените работници на брзата помош Костас Филис изјави дека пет возила чекаат на поправка и оти поради недостиг на персонал тие се принудени да работат и до 16 часа дневно. (Крај)

извор:Плусинфо фото:архива

Post navigation

Previous Грција го условува влезот на Албанија во ЕУ
Next Додиќ се тужи сам себе си

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.