Охрид, 11. август 2023 (ИНПРЕС) – На 10-ти август 2023 година, на Граничниот премин – аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода 22-годишниот С.А. и 33-годишниот Д.Е., двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
– Од страна на судија од Основен суд Охрид на С.А. му е одредена мерка притвор, информираат од МВР.
извор: МВР фото: архива