May 9, 2024

Охрид, 9. мај 2024 (ИНПРЕС) – Во понеделник, 13-ти мај, ќе се одржи селективниот тест за прием на ученици од Охрид и регионот (Струга, Дебар, Ресен) во ДСУ „Спортска академија” Охрид.

Ќе се примаат ученици во паралелката за фудбал при ОСУ „Св.Климент Охридски“

– Селективниот тест ќе се одржи на 13-ти мај од 15:00 часот на игралиштето со вештачка трева при СРЦ „Билјанини извори“ Охрид. Информации и пријавување кај регионалниот координатор Гоце Толески (078/208-604), информираат од Спортска академија Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива