Охрид, 10. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Од 14 февруари до 19 април, во Спортскиот центар „Климент Колески“ во Охрид ќе се одржи фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“.
Истиот е во организација на „Sport Brothers Ohrid“, а натпреварите ќе се играат секој викенд, во сабота и недела. Учество ќе земат осум екипи и тоа: АСП ПАК, Магна, Костал, ТАВ Аеродром, Инекс Олгица, Жито леб, Општина Охрид и ЛТХ Леарница.
– По завршувањето на турнирот ќе бидат доделени пехари и медали за првите три најдобро пласирани екипи, за најдобар голман и за најдобар стрелец. Целта на турнирот е промоција на спортот, спортскиот дух и соработката меѓу локалните компании и институции, информираат организаторите.
Додаваат дека оваа година турнирот е со локален карактер, а во иднина постои можност истиот да прерасне во регионална бизнис лига. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
