Охрид, 4. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Охридскиот детски хор „Бамбино“ во понеделник, 8. јуни, ќе го одржи првиот солистички концерт.
Конципиран е како музичко патување со песни од пет континенти, а децата ќе пеат на осум различни јазици.
– Ова е круна на нашиот целогодишен вложен труд и работа и сакаме тоа да го презентираме пред вас. Ви ветуваме вистинско прекрасно доживување и уживање во прекрасните звуци и ритми на различни култури низ светот, под диригентската палка на м-р. Снежана Караџовска Попова, велат од „Бамбино“.

Ќе гостуваат женскиот хор „Акордис“ и охрискиот камерен оркестар.
Завршниот концерт ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот.
Сезонава беше особено успешна за детскиот хор со бројни настап и тоа на Илинденски денови во Велгошти, на свеченост по повод 11. Октомври, на Свечена академија по повод патрониот празник на градот Св. Климент Охридски во Катедралната црква Св.Софија и мини Божиќен концерт во рамки на програмата „Културата расте со децата“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
