Атина, 8. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Во јули невработеноста во Грција останала непроменета во однос на јуни, кога нивото и било 25%, пренесе Reuters повикувајќи се на грчката статистичка служба.
Уделот на невработените во Грција за јули е најнизок од јуни 2012 година, кога без работа во земјата биле 24,9% од грчкото население.
Рекордно високо ниво – 27,9% – невработеноста достигна во септември 2013 година. (Крај)
извор: Reuters фото: архива