Охрид, 23. март 2023 (ИНПРЕС) – Прекин во водоснабдувањето на неколку улици поради две одделни интервенции на водоводната мрежа.
– Поради две одделни интервенции на водоводната мрежа , денес од 09:00 часот, неколку часа без вода се корисниците на улицата „7-ми Ноември“(на потегот од улицата „Егејска“ до Пекара Феникс) и улицата „Марко Нестороски“ (на потегот од „Алпојо“ до Пекара „Феникс“). Прекинот за втората интервенција е на улиците „Славеј Планина“ и бул.„Туристичка“ (на потегот од Гимназија до бензиската пумпа Макпетрол), информираат од охридски „Водовод“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







