Студентски дом „Никола Карев“ Охрид Депанданс на хотел „Палас“
Охрид, 10. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Неплатени сметки во висина од околу 1 700 000 денари се причината што студентите во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид од вчера се без струја, изјави за Супер радио и InPress директорот Жарко Куциноски.
Информира дека по состанокот со надлежните во Скопје, со одлука на Влада ќе бидат префрлени потребните средства кон министерството за образование и наука, а тие на сметката на студентскиот дом за подмирување на долгот.
Куциноски додаде дека се преговара со ЕВН струјата уште денес да биде пуштена, за да не се чекаат уште ден два додека заврши процедурата со префрлање на парите. Каков ќе биде исходот останува да се види. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
