Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Не е постигнат договор за Грција, продолжуваат преговорите во Брисел

Не е постигнат договор за Грција, продолжуваат преговорите во Брисел

1 min read

Брисел, 25. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Состанокот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата) на кој се очекуваше договор за Грција, беше прекинат синоќа, по само еден час и ќе продолжи денес попладне.

– Договор уште нема. Еврогрупата беше информирана за напредокот во преговорите меѓу институциите (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – з.р.) и грчките власти, вели во соопштението на претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јероен Дијселблом.

Министрите за финансии всушност немале за што да дискутираат, имајќи предвид дека пред себе не го имале документот кој би послужил како основа за дискусија. На тоа цел ден во средата работеа претставниците на доверителите на грчката влада. И грчкиот премиер Алексис Ципрас разговараше повеќе часови со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со шефицата на ММФ, Кристин Лагарад и со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги. (Крај)

извор: balkaninsinght фото: архива

Post navigation

Previous Коѕијас – За било кој проблем ќе најдеме решение
Next Коѕијас денес во посета на Белград

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.