Софија, 12. ноември 2015 (ИНПРЕС) – Барателите на азил, кои имаат ограничени финансиски можности и го избираат копнениот пат низ Бугарија, се соочуваат со безбедносни ризици, пренесува Deutsche Welle.
Бегалците кои минуваат пеш низ Бугарија, се изложуваат на опасноста од насилство од страна на локални банди, шверцери на луѓе и од бугарската погранична полиција.
Многу бегалци пристигнуваат во Србија претепани, тврдејќи дека во Бугарија биле нападнати, ограбени, а понекогаш дури исо сила киднапирани во станбени згради или хотели, каде биле принудувани да плаќаат откуп за себе на посредници и на киднаперите. (Крај)
извор: focus-news фото: архива