Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро е за шест сантиметри под просекот за октомври

Нивото на Охридското Езеро е за шест сантиметри под просекот за октомври

Охрид, 13. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,25 м.н.в, што е за 6 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в) и 15 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на езерската вода е 18 степени и е за 1,3 степени повисока од просекот за овој месец.

Инаку и во текот на овој месец како и минатиот продолжува трендот на пад на езерското ниво. Од почетокот на септември досега нивото е намалено за 19 сантиметри.

Во Охрид денес претежно сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous ГКК Охрид во недела гостува кај Кожув во Гевгелија
Next Саем за рачни изработки во недела во Охрид

Слични вести

Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“

Претставата „Перфектни странци“ на охридските гимназијалци на 4 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“

Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна
1 min read

Здравје: Истражување го открива точното време од денот кога желбата за храна е најсилна

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Мултикултурен настан и отворен ден во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.