Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро е 11 сантиметри под просечното за јануари, денес е на кота од 693,24 м.н.в

Нивото на Охридското Езеро е 11 сантиметри под просечното за јануари, денес е на кота од 693,24 м.н.в

1 min read
Нивото на Охридското Езеро е 11 сантиметри под просечното за јануари, денес е на кота од 693,24 м.н.в

Охрид, 14. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења нивото е на кота од 693,24 м.н.в што е за 11 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,35 м.н.в) и 14 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 7 степени и е за 0,2 степени повисока од просечната.
Изминативе две недели нивото е покачено за 3 сантиметри, а снежните врнежи се очекува позитивно да се одразат на хидролошката состојба.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес променливо облачно и студено време со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 0. степени.

– До четврток преку денот претежно во планините ќе провејува слаб снег особено во јужните делови и ќе дува слаб до повремено умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени. Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous ЈП „Охридски комуналец“: Поради снежниот бран отежнато подигнувањето на комунален отпад
Next Македонските ракометари против Унгарија ги започнуваат настапите на СП 2025

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.