Охрид, 23. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,73 м.н.в, што е за 8 сантиметри над просечното ниво за јуни (693,65 м.н.в) и 63 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Додека во април хидролошката состојба на езерото не беше задоволителна, со постојан пад во водостојот, во текот на мај се бележеше постепено покачување, а месецов евидентиран е и минимален пад, но сепак се задржа над просекот.
Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени.
– Следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
