Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро и натаму на четири сантиметри над јануарскиот просек

Нивото на Охридското Езеро и натаму на четири сантиметри над јануарскиот просек


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 16. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро и понатаму е на четири сантиметри над просекот за јануари.

И денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), покажуваат дека езерото е на кота од 693,39 м.н.в, што е за 4 сантиметри над просекот за јануари (693,35 м.н.в) и 29 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

На оваа кота водостојот се одржува повеќе од една недела. Инаку, од почетокот на годинава езерското ниво порасна за два сантиметри. Температурата на водата е 8 степени и е за 1,2 степени повисока од просечната.

Во Охрид денес променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 6. степени.

– Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Македонските ракометари против Швајцарија во последниот свој натпревар на ЕП 2024
Next Камионите со стока од 1. февруари ќе се мерат само еднаш – Царините на Македонија и Србија потпишаа Меморандум

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.