Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро 9 сантиметри под просекот за март

Нивото на Охридското Езеро 9 сантиметри под просекот за март

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 12. март 2024 (ИНПРЕС) – Веќе една недела нивото на водата во Охридското Езеро е на кота од 693,40 м.н.в, и понатаму е под мартовскиот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 9 сантиметри пониско од просекот за март (693,49 м.н.в) и за 30 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата e 9 степени, што е за 1,4 степени повисока од вообичаената за овој период од годината.

Од почетокот на месецов езерскиот водостој е покачен за само еден сантиметар.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во текот на следните денови ќе се задржи променливо облачно време, утре со повремен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Изложба на црно бела фотографија и графички дизајн во Центарот за култура „Григор Прличев“
Next Демири: Насилството врз здравствени работници е недозволиво, тоа претставува закана за грижата за пациентите

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.