Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Белград, 21. декември 2015 (ИНПРЕС) – Унијата може да сака Србија сама да се договори со Косово, но Белград никогаш нема да го стори тоа, вели претседателот Томислав Николиќ во интервју за весникот “Политика”.
Меѓувладината конференција со учество на претставници на Белград и ЕУ ги отвори на 14 декември првите поглавја за пристапувањето на Србија во Унијата. Почетокот беше ставен со глава 35 – за нормализирање на односите со самопрогласената Република Косово, вели Николиќ.
– Условите во Глава 35 се исклучително цврсти и непријатни за Србија и според мое мислење исполнет со стапици, нееднозначности и барања, кои не се кажани отворено и кои може да се опасни за нас, истакнува Николиќ.
Тој го нагласува принципиелниот јаз помеѓу страните во клучниот момент – меѓународниот политички статус на Косово. (Крај)
извор: Локално фото: архива
