May 12, 2015

Белград, 12. мај 2015 (ИНПРЕС) – Српскиот претседател Томислав Николиќ му додели Орден на Република Србија на кубанскиот лидер Фидел Кастро, објави последното издание на “Службен весник”.

Николиќ го додели орденот на Кастро за извонредни заслуги во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу Србија и Куба.

Николиќ за извонредни заслуги во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката меѓу Србија и Јамајка му додели Орден и на јамајканскиот премиер Симпсон Милер Порс. (Крај)

извор: Бета фото: архива