September 6, 2015

Атина, 6. септември 2015 (ИНПРЕС) – Алексис Ципрас стана еден од нај-контроверзните лидери во Европа во најдобрата надеж за еврозоната.

Владините претставници во Париз и Берлин објавија дека лидерот на „СИРИЗА“ успеал да изгради однос на доверба со претседателот на Франција, Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел по долгите ноќни седници. Така Оланд и Меркел јавно почнаа да го гледаат како најспособниот политичар да оствари програмата за реформи, од која се очекува да доведе до економски пресврт, пишува „Bloomberg“.

Според изворите на новинската агенција Ципрас е најдобар залог за обезбедување на стабилност по изборите на 20 септември. (Крај)

извор: Алфа фото: архива