Љубљана, 7. септември 2016 (ИНПРЕС) – Нова синтетичка дрога „црна мамба“ сее смрт по Европа. Пред само недела дена се појави на улиците, и веќе стигна во Словенија, а се верува дека и без проблем може да се набави и во Хрватска и Србија.
Според зборовите на експертите, „црна мамба“ би можела наскоро да се најде и во Србија, а за само недела дена, поради неа умреле 28 луѓе. Психоактивната супстанца MDMB-CHMICA се продава како мешавина на билки или паста со црна боја.
Се наведува дека споменатата дрога предизвикува насилно и агресивно однесување, а во Словенија „црна мамба“ откриена е во подрачјата во Марибор, Цеље и Ново Место. (Крај)
извор: Фокус фото: архива







