Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новиот сингл на Парни Ваљак „Bogati će pobjeći na Mars“ денеска напладне премиерно на Супер радио

Новиот сингл на Парни Ваљак „Bogati će pobjeći na Mars“ денеска напладне премиерно на Супер радио

1 min read
Новиот сингл на Парни Ваљак „Bogati će pobjeći na Mars“ денеска напладне премиерно на Супер радио

Охрид, 5. јули 2023 (ИНПРЕС) – Охридското Супер радио е помеѓу избраните радио станици, на кои денеска, точно напладне ќе се емитува новиот сингл на Парни Ваљак „Bogati će pobjeći na Mars“, кој е продолжување на соработката со Игор Дрвенкар.

Новата песна е втор сингл што го објавуваат со одличниот пејач, а доаѓа по серијата успешни концерти низ регионот кои беа добро прифатени. Пред Парни Ваљак е многу активно музичко лето, бидејќи ги очекуваат бројни концерти.

Автор на музиката и текстот е Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој најавувајќи го новиот сингл порача дека дојде време да се претстават со нов сингл, нова песна која ја снимиле со новиот пејач, нивниот Игор.

– Ветивме дека ќе работиме на нови песни, а се надевам дека до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе имаме цел албум. Во меѓувреме, слушнете го нашиот втор сингл наречен „Bogati će pobjeći na Mars“. Можете сами да слушнете за што се работи, а ние едвај чекаме да почнеме да ја свириме во живо бидејќи е малку пожешка, вистинска концертна песна, порача Хус.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Денеска Отворен ден со армискиот ВИНГ и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид
Next Изложба на фотографии од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија во Охрид

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.