Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новиќ: Коктел културата во Македонија се подигнува на завидно ниво

Новиќ: Коктел културата во Македонија се подигнува на завидно ниво

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 3. март 2023 (ИНПРЕС) – Познатиот охридски бармен и коктел мајстор Даниел Новиќ по шести пат учествуваше на Државното првенство на бармени на Македонија.

На ваквите настани особено е значајна дружбата пред сé, но и се одлично место да ги претставиш своите креации, вели Новиќ за Супер радио и InPress. Тој годинава се претстави со авторскиот коктел „Final four“.

– Ова ми беше шесто учество на Државно првенство на бармени на Македонија. Во категорија long drink, се претставив со Final four, како главна состојка беше Havana Club, потоа содржи ликер од праска, лимета…Ме претставија како ветеран, во последен момент одлучив да учествувам, додаде Новиќ.

Потенцира дека особено го радува што за првенството имало интерес и биле пријавени многу млади, нови лица. Новиќ истакна дека последниве години во Македонија се подигнува нивото на коктел културата.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Задоволен од тоа како помина годинашното, 14-то првенство на бармени е и Никола Јосески, потпретседател на Асоцијацијата на бармени на Македонија и еден од организаторите на првенството.

Стружанецот Јосески два пати ја претставувал Македонија на Светско првенство во Сингапур и Токио.

Нема опис за фотографијата.

– На првенството учествуваа 15 најдобри бармени од цела Македонија кои се натпреваруваа во квалификации. Од квалификации во полуфинале влегоа најдобрите 12 натпреварувачи кои се натпреваруваа во повеќе категории, blind tasting, speed round, а имаа и тест на знаење. Од квалификации ги добивме најдобрите четворица финалисти кои се натпреваруваа во категорија long drink, во која задолжителна состојка беше Havana Club, најдобриот рум од Куба, вели Јосески за Супер радио и InPress.

Оваа година честа да ја претставува Македонија на Светското првенство во Рим и воедно нов македонски шампион е Вања Головски, второто место му припадна на најмладиот натпреварувач Никола Анастасијески, а трето место освои Дејвид Кузманов.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Крводарителска акција во СВР Охрид
Next Добитниците на општински стипендии неделава треба да ги потпишат договорите за користење

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.