September 2, 2015

Атина, 2. септември 2015 (ИНПРЕС) – Ноќеска на грчкиот брег пристигнале два брода со 4.200 нови мигранти, бегалци од воените жаришта во Сирија и Ирак. Бродовите пристигнале во Пиреја.

Според проценките, минатата недела во Грција пристигнале 23.000 бегалци, што претставува зголемување од 50 отсто во споредба со претходната недела.

Годинава во Грција пристигнале вкупно 160.000 бегалци, со што веќе е надминат минатогодишниот број на луѓе кои својата иднина ја бараат во Европа. (Крај)

извор: Нова ТВ фото: архива