Белград, 23. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Денес ќе се одржи нов круг на преговори меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите, јави српската агенција Beta.
Во дијалогот ќе учествуваат премиерите на двете земји – Александар Вучиќ и Иса Мустафа.
Тие се очекува да разговараат за телекомуникациите, Здружението на српските општини и мостот во Косовска Митровица. Според агенцијата, ЕК ќе сака двајцата да потпишат конкретни договори. (Крај)
извор: Бета фото: архива