Охрид, 9. март 2023 (ИНПРЕС) – Во склоп на подготовките на општинските натпревари по прва помош во општинските организации на Црвен крст, три волонтерки од Клубот на млади и тимот за прва помош на Црвен крст Охрид учествуваа на обука за млади демонстратори по прва помош.
– Обуката беше одржана на регионално ниво во Црвен крст Битола и на истиот младите се запознаа со техниките и начинот како нивното знаење да го пренесат на учениците кои ќе учествуваат на веќе споменатиот натпревар, велат од Црвениот крст.
На обуката учествуваа Матеа Тотеска, Валерија Андриеска и Филипа Мијалкова, кои во наредниот период ќе се вклучат во процесот на организација на самиот натпревар и подготовка на групите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива