Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Струга, 10. јануари 2023 (ИНПРЕС) – Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор.

Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21-ви март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото. Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Услови за учество на конкурсот за наградата се дебитантски книги на млади поети под 35 години и дебитантските книги да се издадени во претходните две години, 2021 и 2022 година.

– Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот, како и најмалку 7 песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Република Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 21 февруари 2023. Освен 3 копии од книгата (во печатена и во електронска форма), англиски преводи на 7 песни од истата книга, кандидатите треба да испратат и кратка биографија на англиски јазик. Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на spefestival@gmail.com) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали.
Националните комисии за УНЕСКО се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата. Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот –лауреат во превод на македонски јазик. Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2023, информираат од СВП.

Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, кон крајот на август годинава, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Почина Чарлс Симиќ, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата
Next Ерај Каракоч трето засилување на ГРК Охрид во пресрет на плеј-оф натпреварите

Слични вести

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: Значителен пад во бројките на заболени од грип, во Охрид регистрирани помалку од 30 случаи

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Здравје: Намирници кои придонесуваат за здравјето на бубрезите

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо
1 min read

Во сабота Охрид домаќин на Државно првенство во традиционално таеквондо

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.