Објавен конкурсот за најдобра песна за деца „Тоде“
January 21, 2025

Охрид, 21. јануари 2025 (ИНПРЕС) – Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ од Охрид го објави конкурсот „Тоде“ за најдобра необјавена песна за деца.

Право на учество имаат домашни автори постари од 16 години, кои заклучно со 20-ти февруари ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com.

– Од песната се очекува да ги исполнува општите начела на книжевноста (лириката) за деца. Сепак, со посебно внимание ќе бидат разгледувани и ценети оние творби што ќе ги земат предвид особеностите на наследството на Илиевски, неговиот однос кон книжевноста и културата и пред сè поетиката на неговата поезија за деца, велат организаторите.

Предвидени се парични награди, за прво место 9.000 денари, за второ 6.000 и за трето место 3.000 денари.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на настанот посветен на Тоде Илиевски, што ќе се одржи на 7-ми март во Охрид, додека наградените песни и песните што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат објавени во електронското списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива