June 25, 2024

Охрид, 25. јуни 2024 (ИНПРЕС) – Гастрономско – угостителската понуда на Охрид од оваа сабота, 29-ти јуни ќе биде збогатена со отворањето на италијанскиот ресторан DaLori.

Сопственикот е по потекло од Мали Влај, занаетот како кувар го „печеше“ во Италија, каде и стекнал искуство, но решил да инвестира во Охрид и да отвори ваков ресторан.

Различните видови пица и паста, како и најквалитетните италијански и домашни вина, ќе го имаат главниот збор во овој локал.

Се наоѓа на улица „Цар Самоил“ број 16 (поранешно „Немо“). Свеченото отворање е закажано за 19:30 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива