Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одбележување на Светскиот ден на водите, годинава под мотото „Ти биди промената“

Одбележување на Светскиот ден на водите, годинава под мотото „Ти биди промената“

1 min read

Охрид, 22. март 2023 (ИНПРЕС) – Денеска, според календарот на Обединетите нации, на планетата земја се одбележува Светскиот ден на водите.

Преку една милијарда луѓе денес немаат пристап кон чиста вода за пиење, а милиони умираат од нејзин недостиг. Климатските промени, загадувањето на водите на земјата и прекршувањето на поставените еколошки норми само го интензвираат редуцирањето на резервите на вода.

Под слоганот „Ти биди промената“, акцентот на кампањата за оваа година е ставен на поединецот односно на сите луѓе без разлика во кое својство, колку можеме да придонесеме со цел да го промениме начинот и навиките при користењето и заштедата на водата.

Можеби е цртан на текст кој вели „WORLD WATER DAA 2023eChag =UN= 2023 WATER CONFERENCE 2-24 BE THE CHANGE YOU WANT SEE IN THE WORLD“

Од охридското јавно претпријатие „Водовод“ потенцираат дека и во иднина ќе придонесува со инвестирање во нови капацитети, со цел намалување на загубите и зголемување и подобрување на квалитетот во водоснабдувањето .

Што секој од нас може да направи за заштеда на водата:
– Штедливо користете ја водата при туширање, готвење, миење на раце и заби.
– Покорисно е за растенијата ако зелените површини се полеваат навечер а не наутро, во таа смисла и за заштеда на водата. Навечер растенијата многу подобро ја искористуваат водата бидејќи испарувањето е помало. Уште поголем ефект на штедење ќе се постигне ако градината наместо со црево ја полеваме со вода од канта (така ќе потрошиме 5-10 литри на метар квадратен), а ќе заштедиме 100-200 литри.
– Затворете ги и проверете ги сите славини бидејќи со такво навидум обично изливање би изгубиле дури до 100 литри вода неделно, која неискористена истекува во канализацијата.
– Неисправно казанче дневно троши исто колку и четиричлено семејство, а тоа годишно изнесува 260 метри кубни вода
– Дека и на мали нешта може да се заштеди зборува податокот дека ако вашиот автомобол го миете со вода од кофа, а не со црево, наместо 100-200 литри ќе потрошите само 20-40 литри вода. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Од вторник почнува исплатата на мартовските пензии, ќе бидат повисоки за 8,4%
Next Средните училишта со здравствени струки нема да запишуваат ученици вонредно

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.