Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одличен настап на охридските стрелци на Mеѓународен турнир во Сараево

Одличен настап на охридските стрелци на Mеѓународен турнир во Сараево

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 13. април 2023 (ИНПРЕС) – Одличен настап на охридските стрелци на 15-тиот Шестоаприлски Меѓународен турнир, кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

Имаше околу стотина учесници од повеќе држави (Молдавија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Унгарија, Романија), како и стрелци од нашата држава. Турнирот по квалитет и организација, како и учество на стрелци од светската елита, наликуваше на Европско првенство.

Во дисциплина воздушен пиштол-јуниори Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос” се пласира на 4-тата позиција со резултат од 531 круг на првиот натпреварувачки ден, односно на 20-тата во севкупен пласман мажи. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 5-та позиција со резултат од 526 круга, односно на 21-та од севкупен пласман мажи.

Нема достапен опис
Стефанија Вељаноска од СК „Охрид” во дисциплината пиштол јуниорки ја зазеде 5-тата позиција со резултат од 534 круга, односно 9-та во севкупен пласман жени.

Во дисциплина воздушна пушка-јуниори првиот натпреварувачки ден Бојан Спасеновски се пласира на десетата позиција со резултат од 604 круга, односно на 21 позиција во севкупен пласман мажи. Кристијан Балоски заврши како 28-ми, односно 31-ви.

Нема достапен опис

Вториот натпреварувачки ден, Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос” се пласира на 14-тата позиција со резултат од 539 круга во севкупен пласман мажи. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 21-тата позиција со резултат од 506 круга во севкупен пласман мажи.

Во дисциплината воздушен пиштол јуниорки, вториот натпреварувачки ден Стефанија Вељаноска од СК „Охрид” не успеа да се избори за пласман во финалето во осумте најдобри, па се пласира на десетата позиција со резултат од 519 круга.

Нема достапен опис

Во дисциплина воздушна пушка-јуниори вториот натпреварувачки ден Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос”се пласира на тринаесеттата позиција со резултат од 612,2 круга кои не беа доволни за пласман во финалето. Кристијан Балоски повторно заврши на заврши 28-мата позиција, информираат од Охридскиот стрелачки клуб.

Во наредниот период стрелците од Охрид ги очекува уште еден традиционален-меѓународен Турнир што ќе се одржи во Сандански, Бугарија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Договори со „Виз Ер“ и „Луфтханза“ за субвенционирани летови до Франкфурт, Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана
Next Се поставува нова дрвена конструкција на Античкиот театар

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.