Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим

1 min read
Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим

Рамиз Мерко

Струга, 26. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Струшкиот суд ги одложи двете рочишта закажани за денеска против поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим.

Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јордан Јованов, е привремена спреченост за работа поради оперативен зафат на обвинетиот.

Последните рочишта за овие предмети беа во ноември, кога беа одложени поради отсуството на бранителот на Мерко, за што Судот го казни парично по 1.000 евра од предмет, а беа одложени и термините во декември. Следно рочиште е закажано за почетокот на април.

Предметот со плочата е во завршна фаза, додека со осветлувањето на коритото на реката Црн Дрим треба да почне од почеток.

Како градоначалник на Струга Мерко во март 2024 година, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Против него се води постапка и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на реката Црн Дрим, без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тој, според обвинението, како градоначалник ги пречекорил службените овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа овозможил изведувачот да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, кои согласно вештачењето на Обвинителството, таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За реализацијата на проектот буџетот на Општината бил оштетен за над 6 милиони денари. (Крај)

извор: Бриф/МИА фото: архива

Post navigation

Previous Нивото на Охридското Езеро за една недела се покачи за 9 сантиметри
Next ИЈЗ: Со 37 заболени од грип за една недела во Охрид има сезонска активност на вирусот

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.