March 2, 2017

Приштина, 2. март 2017 (ИНПРЕС) – Поранешниот косовски премиер и лидер на ОВК, Рамуш Харадинај ќе биде екстрадиран во Србија на 6 аптил.

Вака одлучи Апелациониот суд во францускиот град Колмар. Харадинај, беше уапсен на 4.јануари на аеродромот Базел-Милуз, по потерницата која по него ја има распишано Србија. Харадинај во Србија се товари за воени злосторства над српското и останатото неалбанско населениа за време на конфликтот на Косово.

По приведувањето, Харадинај беше пуштен на условна слобода на 12.јануари, но тој мораше да го предаде својот пасош и доби обврска два пати неделно да пријавува во полицискиот комесаријат. На претходното рочиште на 9.февруари јавниот обвинител побара дополнителни информации од Србија во врска со Харадинај, а истото го стори и на рочиштето кое се одржа во четвртокот. (Крај)

извор: Макфакс фото: BBC