Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одложено судењето против адвокатот Менкиноски поради непојавување во Судот на пријавителите од полицијата

Одложено судењето против адвокатот Менкиноски поради непојавување во Судот на пријавителите од полицијата

1 min read

Охрид, 16. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Одложено судењето што денес требаше да започне во Основниот Суд во Охрид против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.

Согласно закон за кривична постапка мора да присуствува, да има лице од МВР што ќе го образложи обвинението против мене. Во спортивно ако не спојави на наредното судење ќе излезе народната „Кадија те тужи, кадија те суди“.

– МВР не сака да научи дека во прекршочна постапка, согласно закон мора да присуствува на судењета кои ги поднесува против граѓаните. Сега го добив барањето и може да се види има и слики дека ние не го нарушивме јавниот ред и мир. Да видиме како ќе го докажат тоа, рече Менкиноски.

Тој се товари за нарушување на јавен ред и мир за време на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал македонското знаме што до 1994 година беше официјално државно знаме. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април, за што вели на обвинителна клупа треба да седнат повеќе македонци кои биле повикани во полиција.

Менкиноски и по одложеното рочиште изјави дека не се чувствува виновен, вели нема закон според кој можат нас македонците да не репресираат да не го истакнеме македонското знаме од Кутлеш.

Инаку од утринава бројни охриѓани под слоганот „Јас сум Тони Менкиноски“, со знамиња беа пред Основниот суд во Охрид во знак на поддршка на адвокатот Менкиноски, а таму го дочекаа и исходот од судењето. (крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Лани во Охрид се родиле 414 бебиња и негативен природен прираст преку цела година
Next Утре ќе се спроведе дезинсекција против комарци

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.