Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

1 min read

Скопје, 13. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Владата денеска ќе одлучи за 10-процентно ограничување на маржите во малопродажбата и големата трговија, што ќе важи до 30 април и ќе опфаќа над 100 групи производи. Покрај основните прехранбени производи, ќе бидат опфатени и средства за хигиена, бебешка храна и други високо маржирани производи кои се во основните потреби на граѓаните.

Оваа мерка следи по извештајот на Државниот пазарен инспекторат, кој утврдил високи маржи, од 20-30% за прехранбените производи и до 50% за увозниците. Контроли ќе бидат спроведени и кај производителите на млеко и месо.

Премиерот Мицкоски најави дека мерката ќе доведе до намалување на цените на основните производи, а министерот за економија Дурмиши додаде дека ќе се разгледаат долгорочни решенија за стабилни цени. Владата препорача маркетите да објавуваат транспарентно и редовно ги ажурираат цените на своите производи.

Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а Министерството за економија ќе анализира потреба за дополнителни мерки. (Крај)

извор: ТВ21 фото: архива

Post navigation

Previous Во декември лани во Охрид издадени 6 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно
Next Возач излета од патот Кичево-Охрид, се здоби со тешки повреди

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.