Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Од Идомени евакуирани повеќе од 2.000 бегалци и мигранти

Од Идомени евакуирани повеќе од 2.000 бегалци и мигранти

1 min read

Атина, 25. мај 2016 (ИНПРЕС) – Продолжува акцијата на грчката полиција за расчистување на нелегалниот бегалски камп кај Идомени на границата со Македонија, каде над десет илјади лица повеќе месеци чекаат повторно да биде отворена западно-балканската рута, со цел да го продолжат патот кон Европа.

Во вчерашниот прв ден од полициската операција од Идомени се евакуирани 2.000 лица, соопштија синоќа грчките власти и информираа дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови.

Полицијата соопшти дека 42 автобуси со повеќе од 2.000 бегалци и мигранти заминале кон разни сместувачки центри во Солун и околината.

Во Идомени ќе остане силно полициско обезбедување за време на евакуацијата, се додека кампот, во кој имаше околу девет илјади луќе, не биде целосно испразнет. (Крај)

извор: Локално фото: архива

Post navigation

Previous Велимир Бата Живојиновиќ починал во сон
Next Путин во посета на Грција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.