Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Од март медицинска марихуана во аптеките во Хрватска

Од март медицинска марихуана во аптеките во Хрватска

1 min read

Загреб, 2. феваруари 2016 (ИНПРЕС) – Од следниот месец во аптеките во Хрватска ќе почне продажбата на медицинска марихуана, која ќе може да се набави само со лекарски рецепт, објави Инекс.хр.

Според порталот, иако употребата на марихуаната за медицински цели во Хрватска беше легализирана уште во октомври минатата година, продажбата на капсулите со масло од канабис се уште не е почната, аптеките не добиле службен допис да почнат да го набавуваат лекот, а не е утврдена ниту неговата цена.

– Засега се уште немаме никакви информации. Официјално немаме добиено никаков допис, а не ни е позната ни цената на тој производ, изјави за Индекс извор во претпријатието „Загребски аптеки“.
Според непотврдени информации, цената на медициснкиот канабис во хрватските аптеки ќе изнесува над 1.500 куни (околу 200 евра).

Согласно хрватскиот закон, лекарите не ќе можат да препишуваат марихуана за медицински цели на зависници од дрога и на лица со психички заболувања. (Крај)

извор: Zdravstvo 24 фото: архива

Post navigation

Previous Словенија и Хрватска стравуваат од проширување на мигрантската криза
Next Автопатот Атина-Солун ќе биде затворен 12 часа

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.