Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од март се отвора пазарот на трудот во земјите од Отворен Балкан

Од март се отвора пазарот на трудот во земјите од Отворен Балкан

1 min read

Скопје, 23. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.

Директорот на Агенцијата за вработување Ведат Османи заедно со колегите од Србија и Албанија го потпишаа првиот Протокол за спроведување на условите за слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан.

– Со овие протоколи завршени се неопходни правни чекори за почеток на мерката, со што останува да се реализираат уште финалните технички тестирања и усогласувања во рамки на системите за е-услуги во трите држави. Се очекува мерката да стане достапна за граѓаните во текот на март 2024 година. Ја потврдивме подготвеноста за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел економски развој и зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработување на Западен Балкан, соопштија од Владата.

Потпишувањето на двата Протоколи значи и заемна законска обврска за започнување на бесплатен пристап до пазарот на трудот.

Овој проект е во согласност со мисијата за соработка, и спроведување на четирите слободи, слободата на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Со цел да се обезбеди напредок и економски просперитет, земајќи ја предвид важноста на мобилност и на движењето на работниците, а почитувајќи ја имплементацијата на правото на ЕУ во областа на слободното движење на работниците и подготовката за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ, дозволуваме поедноставување на процедурите за слободен и еднаков пристап до пазарот на труд. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Објавена книгата „Охридски поети“од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски
Next Минатата недела во Охрид регистрирани 42 заболени од грип, има намалување во споредба со претходните две недели

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.