Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од февруари 2024 година нова сезона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица

Од февруари 2024 година нова сезона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица

Од февруари 2024 година нова сезона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица

Охрид, 12. декември 2023 (ИНПРЕС) – Со работилници и теренски активности од февруари 2024 година започнува новата сезаона на проектот Граѓанска наука на НП Галичица.

Ова е одлуката по состанокот на надлежните од паркот и проект координаторот Даниел Богнер.

– Очекуваме зголемен број на волонтери, повеќе работа на терен и зголемување на постоечката база на податоци, велат од паркот и ги охрабруваат сите заинтересирани волонтери да се приклучат.

Проектот Граѓанска наука подразбира кога јавноста доброволно помага во спроведување на некое научно истражување, каде волонтерите односно граѓанските научници собираат податоци, анализираат резултати или решаваат некој проблем.

Започна да се спроведува кон средината на декември минатата година и во изминатиот период евидентирани се 7 од зададени 13 Натура 2000 видови. Семејството на Граѓанска наука броеше 50 волонтери, од кои најголем број планинари. Изработен е Прирачник за зададените 13 Натура 2000 видови, а се реализираа и 7 работилници. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Гости од Србија и Бугарија најбројни во Охрид за Нова година
Next Во октомври во Охрид издадени се 7 одобренија за градба

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.