Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

1 min read
Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Скопје, 17. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии на Wizz Air до најголемите острови во Италија – Сицилија (Палермо) и Сардинија (Алгеро).

Од 15-ти јули стартува линијата од Скопје до Палермо, со која Wizz Air ќе сообраќа три пати неделно, секој понеделник, среда и петок, со достапни цени од 29,99 €, а од 18-ти јули започнува рутата Скопје – Алгеро, на која ќе лета два пати неделно, секој вторник и сабота со достапни цени од 39,99 €.

Летовите до двете нови дестинации се планирани како сезонски линии, односно ќе се реализираат до 11-ти и 12-ти септември.

Новите рути од Скопје до Палермо и до Алгеро претставуваат директна поврзаност со две атрактивни медитерански дестинации, познати по својата туристичка понуда, културно наследство и економско значење.

Уште една потврда за константниот раст на ТАВ Македонија е последната статистика за јануари, која покажува раст на двата македонски аеродроми. Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првиот месец од годината, заедно опслужија 289.584 патници на 2.009 летови.

Со актуелниот зимски ред на летање, на Меѓународниот аеродром Скопје вкупно 15 авиокомпании оперираат летови до 50 дестинации, додека на Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, 3 авиокомпании реализираат летови до 8 дестинации.

Со почетокот на летниот ред на летање, кон крајот на март, скопскиот аеродром ќе ја прошири својата мрежа на линии со уште две нови релации – кон Будимпешта и Неапол, додека охридскиот аеродром ќе добие нова линија до Милано. Во мај, Аустријан ерлајнс ќе започне со летови од Охрид до Виена, а во јуни, Wizz Air ќе воведе уште две нови линии од Охрид до Катовице и Вроцлав. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Градежниот факултет од Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
Next Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.