Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Истанбул, 10. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изрази загриженост дека „расте ризикот од лош исход за Грција, поради нејзината должничка криза“.
– Ризикот од погрешна пресметка или погрешен чекор ја зголемува можноста крајниот исход да биде многу лош, изјави Озборн во Истанбул, на состанокот со неговите колеги-министри и банкарите од Г20.
Британскиот министер во последно време често изразува загриженост поради состојбата во Грција.
– Овде, во Г20, ги „туркаме“ сите страни да најдат заедничко-прифатливо решение, а во Британија ги забрзуваме подготовките за секое сценарио кое може да се случи, истакна Озборн.
Новата влада на Алексис Ципрас јасно истакнува дека бара итна финансиска помош додека се подготви програма за намалување на долгот.
Неколку европски земји, кои ги предводи Германија, одбива на Атина да продолжи да и дава финансиска помош, се` додека не донесе реална програма со адекватни мерки и во „одговарачка форма“, што е синоним за фискална дисциплина.
Министрите за финансии на еврозоната и претставници ан грција, ќе се сретнат утре во брисел за да се обидат да најдат компромис. (Крај)
извор: АФП фото: АП
