September 4, 2015

Атина, 4. септември 2015 (ИНПРЕС) – Околу 10.000 бегалци и емигранти се преместени од пристаништето во Митилена на отворен простор во близина на плажата „Цамакиа“ на островот Лезбос.

Припадници на грчката крајбрежна стража и полицијата ги принудија бегалците и емигрантите да ја напуштат областа на пристаништето и ги одведоа на отворен простор, кој се наоѓа на неколку стотици метри од пристаништето. Соопштено е дека ќе се направи обид да се пребројат емигрантите.

Градоначалникот на Митилена Спирос Галанос во изјава за телевизијата ЕРТ ситуацијата ја опиша како „експлозивна“.

Претходно околу илјада Авганистанци се обидоа да го окупираат фериботот „Сина ѕвезда 1“. (Крај)

извор: Република фото: архива