Атина, 8. септември 2015 (ИНПРЕС) – Околу 30 илјади мигранти се наоѓаат на грчките острови, соопшти портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Мелиса Флеминг, цитирана од AFP.
Таа појасни дека меѓу 4 и 5 илјади мигранти се наоѓаат на островот Кос, а околу 20 илјади се на островот Лезбос. Флеминг додаде дека овој број претставува “значително зголемување” на бегалскиот поток. (Крај)
извор: AFP фото: архива
