February 22, 2015

Анкара, 22. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Турција ноќеска испрати во Сирија 700 борци од елитните единици во реонот каде се наоѓа гробот на Сулејман Шах, дедо на Осман Први, основач на османлиската империја. Гробот се наоѓа во зона под контрола на Исламската држава.

Соопштението го објави премиерот Ахмет Давутоглу, кој рече дека „остатоците на Сулејман Шах ќе бидат пренесени на друго место, кое се наоѓа под турска контрола“.

Одлуката за операцијата била донесена поради влошувањето на ситуацијата околу турската енклава. Според меѓународniot договор од 1921 година, гробот на Сулејман Шах, кој се наоѓа на брегот на реката Еуфрат е турска енклава. (Крај)

извор: АФП фото: АП