July 29, 2024

Охрид, 29. јули 2024 (ИНПРЕС) – Со бројни настани Општина Охрид ќе ги одбележи двата Илиндена, 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

Програмата започнува во четврток од 20:30 часот со манифестацијата „Ноќ спроти Илинден“ во селото Велгошти. Ќе биде положено цвеќе пред спомен- обележјето на Илинденците, а ќе е обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Предвидена е и културно – уметничка програма со настап на учениците од ОУ „Живко Чинго од Велгошти“, танцов перформанс на МКЦ „Соната“ и настап на познатата македонска виолинистка Сања Зјделар.

Во петок, на денот на празникот настаните ќе започнат од 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во градскиот парк, а потоа кај Прентов мост. Од 10:30 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што ќе има културно – уметничка програма. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес